mercredi 12 juin 2019

trousseau : Информации за наставатa во природa Крани- јуни 2019

Предмет: писмо наменето до родителите- Настава во природа КРАНИ 2019

Почитувани родители,
Заминувањето на вашето дете на Настава во природа се наближува. Во прилог ќе го најдете документот кој треба
да го зачувате, тој содржи важни информации, тука е и листата на работи кои се потребни за време на престојот.
Листата која што ви ја даваме е задолжителна. Таа го содржи сето она што е потребно за добро функционирање и
одржување на хигиената на вашето дете за време на престојот.
Ве замолуваме да ја означите секоја работа на вашето дете. Можеби изгледа како досадна работа, но тоа е
всушност најдобриот начин вашето дете да се врати со своите работи, а не со работите на некое друго дете.
Децата ќе бидат заедно и нема да разликуваат еден чорап со друг...
Нашите денови ќе бидат исполнети, различни и активностите најчесто ќе се одвиваат надвор. Предвидете облека
која ќе биде комотна, и притоа да не заборавите дека деновите можат да бидат топли, а вечерите свежи.
Неопходно е да се има мантил за дожд (кабаница).
Приборот за хигиена- означен со името на детето- треба да го содржи она што е неопходно за одржување на
хигиената, како паста и четка за заби, сапун, шампон и крема за сончање. Девојчињата кои имаат долги коси, да
се предвидат повеќе ластичиња за коса.
Доколку е можно, препорачуваме да се има мал куфер на тркалца, отколку торбица. Секое дете е одговорно за
својот куфер и треба самото да биде во можност да го носи со себе. Куферот треба исто така да биде означен со
името на детето на видлив начин.
Спремете го куферот заедно со вашето дете. Така ќе знае што носи со себе и ќе биде самостојно.
Однапред ви благодарам,
Лорeн ИЗЕЛ

ЕФИС- НАСТАВА ВО ПРИРОДА 2019 КРАНИВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ КОИ РОДИТЕЛИТЕ ТРЕБА ДА ГИ ЗАЧУВААТ
AГЕНДА:
• Поаѓање : Понеделник 24 јуни 6ч30 од ЕФИС (пред Тинексот)
• Враќање : Четврток 27 јуни : ЕФИС ќе го дефинира времето
АДРЕСА НА ПРЕСТОЈОТ:
Име :
ХОТЕЛ КРАНИ МВР
Aдреса :
Kрани 2017 Ресен, Македонија629@gmail.comПРЕД ПОАЃАЊЕ:• Означете ги работите на вашето дете (облека, прибор за хигиена...)
• Подгответе го куферот со вашето дете за да стане одговорно за своите работи
• Проверете дека листот со информации за здравјето на детето убаво сте го пополниле и вратиле кај одговорниот
наставник
• Информирајте за сите проблеми кои се однесуваат на вашето дете: енуреза (мокрење во кревет), анксиозност,
проблеми со заспивање, лошење при возење....
ЗАБРАНЕТО Е:• Накит и вредни предмети
• Видео игри, аудио апарати и мобилни телефони
КОМУНИКАЦИЈА:• Бидејќи децата ќе бидат во голем број, а деновите исполнети, ве замолуваме да не телефонирфате за време на
престојот.
• Редовно ќе бидете информирани за новините преку Viber или блогот
https://krani2019.blogspot.com/
• Во случај на итност, контактирајте го училиштето на 02/3083-321 кое ќе биде задолжено да нè информира.

СОДРЖИНА НА КУФЕР
Долна облека
10 долни маици
7 пара гаќи
7 пара чорапи
7 маици по кратки ракави
2 пара пижами
Облека2 пара панталони или долни тренерки или фармерки или хеланки за девојчињата
2 пара бермуди или шорц
1 дуксер и 1 џемпер
1 кабаница/јакна за дожд
2 пара патики
1 пар топлинки
1 пар чизми за дожд
1 лесни патики
+ купаќи за играње покрај езерото + крпа/пешкир за плажа
Прибор за хигиенаСапун/ гел за туширање, четка за заби, паста за заби и шампон
Пешкир за бањање
Чешел/четка за коса
3 или 4 пакетчиња палома марамчиња
Друго1 Капа или боб
1 пар очила за сонце (по можност со синџирче)
1 крема за сончање (висок фактор)
1 лесен ранец за дневните прошетки
1 голема ќеса за нечисти алишта
Неколку мали игри/играчки (карти....)- избегнувајте играчки чии ситни делчиња може да се изгубат
Мече за спиење
1 прибор за работа (мал)
Во ранецот, за доручек за понеделникот 24 јуни 2019 (2 мали шишиња вода/ сендвич/овошје)

Aucun commentaire:

Enregistrer un commentaire

et au retour...

un grand coup de barre !